Претседателот на Бугарија, Румен Радев разговарал телефонски со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

Шефот на бугарската држава изразил надеж за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.

„Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ“, нагласил Радев.