Крајно време е партиите да преземат политичка одговорност. Овој пат тие немаат право да згрешат“ – порача бугарскиот претседател Румен Радев за време на посетата на Варна.

Advertisements

Според него привремената влада успешно ја исполнува задачата за, како што рече, демонтирање на маѓепсаниот модел и работа во јавен интерес.

„Општеството очекува од партиите кои се изјаснија против маѓепсаниот модел на управување да презентираме конкретни решенија во дијалогот, а не изговори. Ако има нови избори и нова привремена влада, мое е да предложам кабинет. Ако партиите предложат овој привремен кабинет да продолжи како редовна влада, тоа е нешто сосема поинакво. Тоа звучи добро како теорија. Но, редовниот кабинет значи јасна политичка одговорност од партиите. Партиите мора да артикулираат јасни политички позиции. Крајно време е партиите да преземат политичка одговорност“, изјави Радев.

Шефот на бугарската држава во изјавата пред новинарите не ја спомена ситуацијата со Македонија и процесот на разговори од кои зависи деблокадата на евроинтеграциите на земјава.

Прикажи повеќе