Бугарскиот претседател, Румен Радев, сошти дека денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија.

Први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание- ГЕРБ-СДС.

Претседателот Радев најави дека нема да брза со консултациите и давање на мандатите, бидејќи 48. Народно собрание на Бугарија според него ,го чека многу работа

За евентуалното формирање малцинска влада од новиот бугарски парламент, претседателот Радев коментираше дека тоа целосно зависи од тоа околу кои приоритети и принципи ќе се обединат партиите.

Заменик-претседателот на герб и пратеник на пратеничката група на герб-сдс, томислав дончев, изјави дека тие ќе отидат на консултациите и додаде дека треба да му се даде шанса на 48. Народно собрание на бугарија.