Бугарскиот претседател Румен Радев настојува да ги одложи парламентарните избори и повика на промена на процедурите за гласање, пренесува агенцијата „Спутник“.
Во меѓувреме, бугарската агенција „24 часа“ објави дека претседателот попладнево ќе има свое обраќање кон нацијата.
– Advertisement –
Во врска со измените во постапката за гласање, Радев ги поканил претставниците на партијата „Волја“ на консултации но, заменик претседателот на Националното собрание и лидер на партијата, Веселин Марешки, смета дека вакви консултации не можат да се одржат два месеца пред изборите.
„Ми се чини многу чудно што консултациите се одвиваат токму сега, а не пред шест месеци“, изјавил тој за Нова ТВ.
„Претседателот Радев сакаше избори на 28 март и сега тој бара подоцнежен датум. Прашањето е: кој го притиска? “, додал Марешки.
Радев во декември распиша избори за крајот на март, но на почетокот на јануари, поради големиот број смртни случаи од ковид, тој нареди да се одложат изборите како мерка против ширење на вирусот.