Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави пред својот албански колега Бајрам Бегај дека Бугарија останува посветена на поддршката за европската интеграција на Албанија. Изјавата беше дадена за време на посетата на Радев на Тирана, каде што учествува на Самитот на шефови на држави и влади од земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈЕ), пренесува Трибуна.

Од 1 јули, Бугарија ќе го преземе ротационoто претседателство со ПСЈЕ за период од една година.

Радев ја истакна Албанија како позитивен пример за земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека значителниот напредок на Тирана е доказ за важноста државите да бидат оценувани врз основа на нивните реални достигнувања и заслуги во процесот на приближување кон Европската Унија.

Двајцата претседатели посебно го потенцираа стратешкото значење на Транспортниот коридор 8, како клучен проект за подобрување на регионалната поврзаност.

Радев го поздрави албанскиот претседател за условите што институциите во Албанија ги обезбедуваат за зачувување на јазикот и традициите, како и за почитувањето на правата на бугарското национално малцинство во земјата.