Бугарија кажува недвосмислено „да“ за Албанија за почеток на преговорите за влез во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета, кој е во официјална посета на Софија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Бугарија и Албанија не се само сојузници, ние сме пријатели и значаен придонес за тоа има бугарското национално малцинство во Република Албанија, рече Радев на почетокот на прес-конференцијата и истакна дека Бугарија и Албанија имаат заедничка визија за иднината на регионот како сојузници и партнери.
Конечно најдовме директна воздушна врска меѓу Тирана и Софија, истакна Радев.
Претседателот истакна дека главна тема на разговорот меѓу двајцата била проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан.
Бугарија безусловно го поддржува почетокот на преговорите со Република Албанија, рече Радев.
Тој рече дека двајцата, исто така, ја осудуваат војната во Украина и повикаа на меѓународна истрага за злосторствата во Буча.
Има долго одложување на Коридорот бр. 8, додаде Румен Радев, потсетувајќи на меморандумот меѓу Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Овој проект е од клучно значење за економскиот развој на нашиот регион, рече Румен Радев.