„Бугарија очекува отворен билатерален дијалог со Република Северна Македонија, што ќе доведе до одржливи и неповратни резултати“, истакна бугарскиот претседател Румен Радев во неговиот разговор со извршниот потпретседател на Европската комисија Маргарет Вестагер, која престојува во Софија за да учествува на Шестиот самит „Три мориња“, пренесува Трибуна.
„Нема друга земја во ЕУ за која оваа тема е поважна отколку за Бугарија, бидејќи граѓаните од двете страни на границата со Република Северна Македонија се браќа со заедничка историја“, рече Румен Радев.
„Најважниот дијалог за постигнување напредок во европската интеграција на нашиот југозападен сосед е меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, истакнува Радев.
„Само на овој начин ќе се постигнат конкретни, одржливи и неповратни резултати, што ќе доведе до почеток на преговори за членство во Европската унија за Република Северна Македонија“, додава бугарскиот претседател.