Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за бугарските медиуми во Рим изјави дека Бугарија ја разгледува опцијата македонски ученици и студенти да можат да ги поминуваат своите летни одмори заедно со свои врсници во Бугарија.
„Со претседателот Пендаровски разговараме за тоа да поканиме ученици и студенти од РС Македонија да поминат дел од својот летен одмор заедно со деца од Бугарија. Се разбира, заедно со нивните наставници, за да може програмата да биде образовна и хуманитарна. Ако успееме да го реализираме овој проект ќе го направиме најважниот чекор кон надминување на децениската пропаганда и спротивставување на нашите две земји. Ако ние успееме да ги собереме нашите луѓе заедно сигурен сум дека ќе успееме да уништиме секаков вид пропаганди“, подвлекува бугарскиот претседател Румен Радев.