Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.

Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.

По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.

На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

Текстот Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница е превземен од МАКФАКС.