Дури 80 илјади поплаки за прекршување на работничките права пристигнале на адресата на Сојузот на синдикати. Поплаките се по основ на неисплатени плати, отпуштање од работа со несоодветна работна постапка, исплата на додатоци во рамките на минимална плата. Претседателот на сојузот, Дарко Димовски вели дека во големиот број случаи е направена интервенција, а остварен е и контакт со работодавачите кој ги прекршиле работничките права.
-Грото од тие случаи ги решивме, некои не саљкаа да не послушат, па поведовме судски постапки, а заостанатите се обративме до Државниот трудов инспекторат. Се постапува, редовно добиваме известување од трудовиот инспекторат каде се врачени решенија, каде се исплатени глоби и најголем дел од работниците со тие решенија се вратени, а онаму каде што не се вратени ССМ им овозможува на тие работници безплатна правна помош, Вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Од Државниот пазарен иснспекторат пак велат дека освен преку веб страницата и кол центарот, претстваки до инспекторатот пристигнуваат и во архивите на подрачните одделенија, како и во централата на Државниот пазарен инспекторат.