Денес, најголемиот дел од нашата работа се поврзува со компјутерите, поради што сме попасивни и помалку подвижни од порано.

Ова е особено видливо во изминатава година, кога повеќето луѓе беа принудени да работат од дома поради пандемијата на коронавирусот.

unsplash

Оние кои немаат навика да вежбаат и џогираат за време на пандемијата, единствената физичка активност им е кликање на глувчето и пишување на тестатурата.

А дали некогаш сте се запрашале колку тие активности навистина се „физички“, односно колкава далечина навистина поминувате со глувчето или колку калории губите додека работите пред компјутер?

Имено, постои програма што може детално да го измери тоа – „Mousotron“ води сметка за тоа колку пати во текот на денот сте го придвижиле или сте кликнале на глувчето.

unsplash

„Mousotron“ ќе го измери вкупниот број на кликања, колку пати сте го притиснале десното, левото или средното копче и колку пати сте го придвижиле глувчето. И не само тоа, програмата исто така може да го пресмета бројот на двојни кликови, колку брзо и по која оска најчесто сте се движеле со глувчето, но и колку километри сте поминале со него.

Ако сакате да пробате како функционира „Mousotron“ во вашата домашна канцеларија, програмата е бесплатна и можете да ја преземете ТУКА.

unsplash

Но, постои еден од параметрите што оваа програма не ги мери, а тоа е бројот на калории што ги трошите додека работите на компјутер…