Во затворениот дел на галеријата на бугарскиот Културно- информативен центар во Скопје се реализираше првата од двете за денеска реализирани работилници за изработка на мартинки. Од БКИЦ јавуваат дека на првата работилница биле поканети и деца од локални училишта од Скопје. пренесува Трибуна.

,, На работилницата организирана од БКИЦ Скопје заедно со бугарското неделно училиште ,,Здравеј”- Aкадемија за иновативно образование, присуствуваа повеќе од 30 деца ученици од 5-то одделение од две училишта во Скопје- О.У ,,26-ти Jули” и ОУ ,,Панајот Гиновски”. Учениците беа заедно со своите класни раководители. Работилницата се одржа под менторството на предавач од Националната галерија на РСМ”, јавува БКИЦ Скопје.