Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Босна и Херцеговина, денеска имаше работен ручек со група млади парламентарци од Босна и Херцеговина.

Пратениците Мартин Костовски, Лидија Петковска, Бастри Бајрами, Арта Билали и Грација Бакраческа се сретнаа со нивните помлади колеги од БиХ Лана Прлиќ, Сузана Кришто, Исмет Лулиќ и Јасмин Мусиќ, кои се во студиска посета на Собранието во организација на НДИ.

Како што се наведува во соопштението, присутните разменија мислења за политичките и економските случувања во двете земји, при што гостите од Босна и Херцеговина посебно беа заинтересирани за проблемите на младите, образованието и миграциските движења во Регионот.

-Во врска со процесот на интеграција во Европската Унија, двете страни изразија уверување дека регионалната соработка и размената на искуства дава јак поттик во таа насока и изразија подготвеност за понатамошна соработка, се наведува во соопштението.