
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, без оглед на актуелните политички тешкотии, Русија секогаш ќе биде сигурен и одговорен снабдувач на метални производи за странските клиенти и партнери.
„ Антируските санкции не ја одразуваат реалноста на глобалната политика и економија“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со претставници на металуршката индустрија.
„Веќе реков дека овие одлуки ги донесоа западните земји поради политички интереси – актуелни, опортунистички, кои не ја одразуваат реалноста на глобалната политика или глобалната економија“, рече Путин.
„Западните политичари не се грижат за луѓето“, додаде тој, пренесуваат руските медиуми.