Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ во кој се наведува дека 2021 година во земјата ќе биде Година на науката и технологиите. Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации. Целта на декретот е натамошен развој на науката и технологијата во Руската федерација.
Шефот на државата и наложи на својата администрација да формира организациски комитет за Годината на науката и технологиите. Негови ко-претседатели ќе бидат вицепремиерот Дмитриј Чернишенко и помошникот на претседателот Андреј Фурсенко. Главниот акционен план ќе биде разработен и одобрен од руската Влада.
Путин ги објави своите планови за 2021 година да ја претвори во Година на науката и технологиите на 24 декември на состанокот на Одборот на доверители на Московскиот државен универзитет Ломоносов.