Путин предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубљи. Таа одлука ја донел, како што рече, поради „зајакнување на рускиот суверенитет“.
„Кој сака да купи руски гас мора да отвори сметка во рубљи во руските банки. Од овие сметки треба да одат плаќањата за гас, почнувајќи од утре“, рече Путин во телевизиското обраќање.
„Доколку плаќањата не се вршат на овој начин, ќе сметаме дека клиентите не ги исполнуваат своите обврски, а тоа ќе има свои последици“, додаде рускиот претседател.
„Никој ништо не ни продава бесплатно, па немаме намера ниту да даваме милостина. Тоа значи дека постоечките договори ќе бидат раскинати“, рече тој.
Тој додаде дека Русија ќе ги спроведе постоечките договори доколку купувачите ги почитуваат новите правила.
Путин рече и дека „економската војна против Русија започна пред неколку години“.