Рускиот претседател Владимир Путин денес изрази загриженост за веста дека францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на вирусот корона. Тој на францускиот претседател му испрати телеграма и му посака брзо закрепнување.

Оди во самоизолација: Емануел Макрон позитивен на ковид-19

Путин во телеграмата изјави дека „со загриженост ја примил веста за позитивниот тест на францускиот претседател за вирусот корона“.

Денес од кабинетот на Макрон соопштија дека по пројавените симптоми и направениот тест резултатот на претседателот е позитивен, по што многу европски лидери заминаа во изолација откако имаа контакти со францускиот претседател за време на самитот на ЕУ минатата недела.

По веста дека Макрон е носител на ковид-19: Шпанскиот премиер Педро Санчез се повлече во изолација