Соединетите Држави се загрижени за врските на Кина со Русија, објави Стејт департментот веднаш по разговорите меѓу рускиот и кинескиот претседател на 30 декември, пренесува Ројтерс.

Advertisements

„САД се загрижени за поврзувањето на Кина со Русија додека Москва ја продолжува инвазијата на Украина“, соопшти американскиот Стејт департмент откако рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг одржаа видео средба.

„Пекинг тврди дека е неутрален, но неговото однесување јасно покажува дека се уште инвестира во блиски врски со Русија“, изјави портпаролот на Стејт департментот, додавајќи дека Вашингтон „внимателно ги следи активностите на Пекинг“.

Прикажи повеќе