Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат на маргините на самитот во Узбекистан следната недела, изјави рускиот амбасадор во Пекинг, Андреј Денисов, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Очекуваниот состанок на самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) ќе биде прва средба лице в лице меѓу двајцата лидери, од почетокот на специјалната операција на руската војска во Украина во февруари оваа година.
Тоа ќе биде и прво патување на Шји во странство од почетокот на пандемијата на коронавирус.
Самитот ќе се одржи на 15 и 16 септември во Самарканд.