Првата средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден ќе биде организирана во јуни во Женева, Швајцарија, јави Си-Ен-Ен.
Според медиумот, кој се повикува на двајца високи американски функционери, двајцата лидери ќе се сретнат за првпат на 15 и 16 јуни во Швајцарија, на крајот на првото меѓународно патување на Бајден откако стана претседател.
Како што се наведува, меѓу градовите кои претендираа да бидат домаќини на долгоочекувана средба на двајцата лидери, избрана е Женева, а а советникот за национална безбедност Џејк Саливан оваа недела треба да се состане со неговиот руски колега за да ги договорат сите детали за средбата Путин-Бајден.