Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за соработката меѓу нивните земји.

Повикот доаѓа неколку дена откако високи дипломати од двете земји го изразија својот став дека билатералните односи би можеле да „достигнат нови височини“ оваа година, бидејќи Пекинг и Москва се стремат да ја зајакнат економската соработка.

Нивното стратешко партнерство дополнително се зајакна по руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година, анализираат медиумите.

Двајцата лидери, кои се во редовен контакт, разменија новогодишни честитки на 31 декември, при што Шји изрази „подготвеност да продолжи да одржува блиски контакти“ со Путин, според кинеското министерство за надворешни работи.

Шји и Путин последен пат се сретнаа лично во септември, кога рускиот лидер присуствуваше на голема воена парада во Пекинг.

За време на посетата, Путин му рече на Џјинпинг дека односите меѓу нивните земји се на „невидено ниво“.

Текстот Путин и Џјинпинг во телефонски разговор: Односите меѓу Русија и Кина постојано се развиваат е превземен од МАКФАКС.