Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша законите за припојување на четирите украински региони кон Русија, што претставува финална фаза од анексијата која е во спротивност со меѓународното право, јавуваат светските медиуми.
Претходно на 30 септември Путин ги потпиша документи за анексија на украинските региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, чии делови беа окупирани од руските сили, но, според ситуацијата на теренот, Москва не контролира целосно ниту еден од наведените региони.