Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде вакциниран против вирусот корона до крајот на денот, веројатно во вечерните часови, и тој настан нема да се емитува затоа што тој не го сака тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков одби да каже точно која вакцина ќе ја прими Путин и истакна дека е потврдена ефикасноста и безбедноста на сите три вакцини регистрирани во Русија.

– Advertisement –

– Ние свесно ќе се воздржиме од тоа да кажеме кој ќе го добие Путин. Сите три руски вакцини се апсолутно безбедни. Тие се многу добри, безбедни и ефикасни – рече портпаролот на Кремљ.

Песков одби да каже дали Путин ќе биде вакциниран на работното место или во посебен центар за вакцинација, објави „Спутник“.

– Претседателот поминува голем дел од своето работно време на настани, разговори, состаноци за вакцинација, производство на вакцини и слично. Претседателот прави многу во промовирањето на вакцините. Кога станува збор за снимање на вакцини, тој никогаш не го поддржал тоа, не му се допаѓа – рече Песков.

Прикажи повеќе