Рускиот претседател Владимир Путин предложи да се разгледа можноста за ограничување на извозот на жито од Украина во Европа. Тој за ова прашање ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Путин на денешната пленарна седница на Источниот економски форум.
– Можеби треба да размислиме за ограничување на извозот на жито и друга храна по оваа рута (од Украина до Европа). На оваа тема дефинитивно ќе се консултирам со турскиот претседател Ердоган. На крајот на краиштата, јас и тој го разработивме механизмот за извоз на украинско жито, рече Путин.
Договорот за обновување на извозот на жито од Украина беше потпишан на 22 јули во Истанбул од претставници на завојуваните земји Украина и Русија и посредниците за постигнување на договорот – ОН и Турција.