Руската амбасада во Скопје преку социјалните мрежи го честиташе денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј. На официјалниот твитер профил осамна и цитат од Владимир Путин.
-Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја” – Владимир Путин.
Воедно руската амбасада им го честиташе денот на македонскиот народ.
Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник.
📃📚"Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја" – Владимир Путин pic.twitter.com/hUqwYtMORz— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 24, 2021