Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничка болница Плумб Вела и Блерим Османи пресекоа црвена лента со цел на свечен начин да го означат почетокот на работа на Ургетниот центар. Овој Ургетен центар ќе биде место за третман на итни случаи кои досега се третирале во амбулантите на Интерното и Хируршкото одделение.

-Се пушта во употреба нов ургетен центар каде ќе се врши тријажа, а дополнително ќе го растерети интерниот дел каде сега лекарите во овој оддел ќе може да се фокусираат на хоспитализираните пациенти. Ургентниот центар опфаќа соба за интензивна нега, просторија за ЕКГ, за ЕХО, за мали хуруршки интервенции и слично. Отворањето на овој центар ќе значи издигнување на нивото на пружање здравствена заштита за граѓаните на Тетово и регионот. Во моментов се прават напори за обездување и зајакнување на дополнителна медицинска опрема, а паралелно работиме и на континуирано зајакнување и на кадарот со цел поголема ефективност. Планираме и дополнителна едукација на медицинскиот кадар по европски стандарди, рече министерот Фатмир Меџити.

Директорот на Клиничка болница Плумб Вела рече дека станува реалност еден голем сон за отворање на Ургентен центар.

-Со отворање на овој Ургетен центар многу ќе се подобри работата на другите одделенија што биле пренатрупани со пациенти што имале зголемен број на пациенти.  Целта е да доаѓаат тука, ќе има два до три лекари, две до три медицински сестри, болничари и техничари, цела екипа. И во интернистички дел ќе имаме лекари и во хируршкиот блок, ако евентуално имаат потреба за операција, тоа ќе се одвиваат во хируршкиот блок. Ова ќе биде за итни случаеви, истакна Вела.

На новинарските прашања зошто сега почнува да работи објектот како Ургетен центар, со оглед дека дел од просториите веќе неколку години се користат за други намени, двајцата соговорници немаа конкретен одговор.

-Не сакам да се занимавам со минатото, јас сум за сегашноста и иднината. Затоа сме тука. За 100 наши дена работите се движат кон напред и здравството ќе оди кон подобро и во тоа нема да имаме компромис со никој верувајте. Ова е нашата здравствена битка и ние ќе излеземе победници од ова со цел пациентите да добијат подобра здравствена услуга, а здравствените работници да имаат услови во 21 век личат на човечни, рече министерот Меџити.

-Зошто не било отворено порано не знам. Ние го дадовме максимумот да го отвориме, дека имаше многу потреба, посочи директорот Плумб Вела.