На 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 рап групата Пука Козметика прославува 30 години од формирањето.

Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите.

Пука Козметика е група на пионери на македонскиот рап, формирана декември 1995 година од браќата Жарко и Дарко Масларковски заедно со Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски.

Во следната 1996 веќе почнуваат да работат на свои авторски песни, а 1997 веќе попрофесионслно навлегуваат во процесот на снимање и настапи.

Првиот официјален албум на групата е издаден 2006-та, следува троен албум во 2012-та, како и многу албуми и соработки во Токсикологија Мјузик. Во повеќе децениското постоење групата има многу самостојни концерти и настапи (клубски и фестивалски), во Македонија и регионот, а посебно како предгрупа на еминентни рап артисти од Светот.

Во периодот што следи рап групата најавува две нови песни од новиот албум. Прославите на роденденот 30 години Пука Козметика во 2026-та ќе продолжат низ градовите во Македонија.

Текстот Пука Козметика прославува 30 години од формирањето е превземен од МАКФАКС.