На аргентинскиот волшебник договорот со Барселона му истекува на крајот од сезоната. Новиот претседател Жоан Лапорта има јасна цел да го продолжи договорот со Лионел Меси, но се чини дека нема да му биде ни малку лесно. Пред само неколку дена каталонските медуми излегоа со вест дека Меси начелно се согласил уште две години да остане во Барса. Наводно ќе му се исполнат желбите, а тоа е да дојде Серхио Агуери и дека тимот ќе се реконструира, засили, со цел да нападне трофеји на сите полиња.
Но, „Мундо Депортиво“ денеска на насловната страница објави дека ПСЖ тргнува во офанзива. Насловот е „Понуда за Меси. Офанзива на ПСЖ“.
Финансиските детали, односно она што му го нуди францускиот тим на Меси не е познато, но „Мундо Депортиво“ тврди дека засега Аргентинецот одбива да разговара со нив.