ПСЖ не сака изненадувања доколку Килијан Мбапе конечно продолжи со идејата да го напушти клубот. Затоа парижаните веќе почнаа да го тестираат трансфер пазарот во потрага по идеалната замена за 23-годишниот фудбалер.
Иако е многу тешко да се најде играч со ист квалитет, тој што најмногу би ја сакал управата на францускиот шампион е Ричарлисон, напаѓачот на Тотенхем и сонародник на Нејмар.
Напаѓачот пристигна во „Спарс“ летото од Евертон. Ричарлисон стана големото засилување на Антонио Конте, имајќи значително влијание врз младиот тим од неговото доаѓање. Како што истакнуваат самите медиуми, идејата на ПСЖ била да го ангажираат уште во летото оваа година, бидејќи заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид се зема здраво за готово.
Сега, со гласините за повторно можно заминување на Мбапе, парискиот тим би можел повторно да ја активира оваа операција, иако Тотенхем сигурно ќе бара солена цена за бразилецот.