Големиот марокански дефанзивен играч Ашраф Хакими би можел да ги напушти редовите на новиот италијански шампион Интер во овој преоден рок.
Иако Интер по десет години ја освои титулата шампион на Италија, финансиската состојба во овој клуб не е добра и многу европски клубови сигурно ќе се обидат да го искористат тој факт.
Наводно, ПСЖ е веќе во акција, односно се заинтересирани за Хакими од редовите на францускиот клуб, кој имаше феноменална сезона во Интер.
ПСЖ наводно ќе се обиде да ја искористи тешката финансиска состојба на Интер и наскоро ќе испрати официјална понуда за Хакими на адреса на клубот, која Интер тешко ќе ја одбие.
Хакими пристигна во Интер на почетокот од оваа сезона од Реал Мадрид во трансфер вреден 45 милиони евра. Тој ги помина младинските селекции на Реал, но никогаш не доби шанса во сениорскиот тим, па сезоната пред да дојде во Интер беше во Борусија Дортмунд како позајмен играч.
Во Серија А, тој одигра 37 натпревари за Интер, постигна седум голови и додаде десет асистенции, и е едно од најголемите позитивни изненадувања во сезоната.
Да потсетиме, Хакими се поврза и со Баерн, а неговиот претставник неодамна во медиумите истакна дека има малку играчи во светот кои би ја одбиле понудата на германскиот гигант.
Исто така, за време на јануарскиот преоден рок се шпекулираше за негово враќање во Реал, бидејќи Интер не ги плати договорените рати за трансфер на време, но на крајот немаше ништо.