Тројца мажи влегоа во историјата откако судот им дозволил на сите да бидат наведени во изводот на родените на детето.

Иан Џенкинс, Алан Мејфилд и Џереми Ален Хоџис донирале ембриони и со помош на сурогат-мајки добиле две деца, ќерката Пајпер и синот Паркер.

Триото влегло во правната историја во 2017 година, кога судијата им дозволил да бидат во изводот на родените на Пајпер – што било главна пресвртница за полиаморните семејства да добијат признание во САД.

Еден од пријателите на Џереми ни понуди ембриони што им останале од создавањето семејство преку вештачкото оплодување, но тие не можеле да ги користат. Имавме можност да посвоиме ембриони и да донесеме одлука за одгледување на самохрано семејство – рекол Иан, инаку лекар, за „Хафингтон пост“.

Нивното најстаро дете веќе е на предучилишна возраст и велат дека и другите родители ги поддржуваат и бараат да им раскажат детали за нивната приказна. Алан, кој бил во врска со Иан 17 години, а со Џереми 8 години, рекол дека најголемиот предизвик бил со законот.

Се расправавме на суд, тоа беше мошне интересна, напната сцена во судницата. Отпрвин се чинеше дека нема да ни биде одобрено, затоа побаравме говор пред судот и го кажавме нашиот став, а судијката на крајот се предомисли и ни одобри родителско право за нашето дете, пред да се роди – рекол тој.

Иан напишал и книга за нивната приказна наречена „Тројца татковци и бебе“.