Вчера, првпат во историјата, цената на гасот во Европа ја надмина границата од 1 000 долари за 1 000 кубни метри.

Advertisements

Цената за испораките во октомври во центарот ТТФ во Холандија достигна 1 031,3 долари, пренесе ТАСС.

Цената на гасот вчера веќе се зголеми за 11 проценти.

Експертите претходно рекоа дека цената на овој енергент може да достигне 1 000 долари за 1 000 кубни метри под одредени услови.

Недостигот на енергија на северната хемисфера ја зголеми цената на природниот гас, што е на највисоко ниво во последните седум години што, пак, имаше последици за пазарот на нафта.

Недостигот на гас носи поголеми сметки за Европа

Цената на нафтата денеска во Азија скокна на над 80 долари за барел поради зголемената загриженост за понудата и побарувачката во време кога светот полека излегува од пандемија, пишува АФП.

Цената на нафтата „брент“ порасна за 0,9 проценти, на 80,24 долари за барел. Тоа е нејзината највисока цена од октомври 2018 година.

Цената на суровата нафта (West Texas Intermediate) порасна за 0,9 проценти, на 76,07 долари за барел.

Со воведувањето вакцини и олеснувањето на епидемиолошките мерки и затворањата оваа година, побарувачката за нафта нагло скокна.