ФОТО Ohridnews.com

Првото новороденче во Новата година на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница е женско.

Бебето, како што информира директорот на Болицата Арменд Арслани, е родено во 19 часот и 55 минути и е тешко 3.100 грама.

Бебето и мајката се во добра здраствена состојба, изјави Арслани.

Љатифе Алиоска пак е 18 годишна прворотка од Кичево која го роди првото машко бебе во охридската болница. Бебето е тешко 3450 гр и долго 53 цм.

Породена од најискусната докторка на одделението, Др. Охридија Филева, која имаше доволно трпение после 17 часа да ја породи спонтано.