Ноќеска во 00.01 часот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во Македонија.
– Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Мајката на новороденчето е Сања Талевски.