Жена од јужна Флорида, која примила една доза вакцина за коронавирус додека била бремена, неодамна се породила, а нејзиното дете е првиот регистриран случај во светот на бебе родено со антитела на коронавирусот по вакцинирањето на мајката, тврдат двајца педијатри.
Лекарите го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва треба да бидат потврдени. Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник рекоа дека мајката ја примила првата доза на вакцината Модерна во јануари, во 36-та недела од бременоста.
– Advertisement –
Жената родила силно и здраво девојче. Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела.
„Според нашите информации, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата“, изјавил Гилберт.