Ретко кој знае низ какви животни препреки и проблеми поминала оваа актерка, а ги поминува и ден денес…
Актерката Марша Крос светската слава ја стекна со улогата на Бри Хоџ во серијата „Очајни домаќинки“, но приватно поминала низ многу потешкотии.
Таа се омажи за Том Махони, а со помош на вештачко оплодување доби ќерка на 45-годишна возраст. Претходно таа беше во 9 годишна врска со трагичен крај. Имено, Марша беше во врска со 25 години постариот Ричард Џордан, кој почина во 1993 година. Тој имаше тумор на мозокот, а актерката тешко ја поднесе таа трагедија.
Марша пред две години откри дека и таа самата се бори со рак на анусниот канал. Кога ја победи оваа болест, таа без влакна на јазикот проговори за тоа:
„Знам дека постојат луѓе кои се срамат. Но – зошто? Па имаш рак. Не си направил ништо лошо само затоа што си го добил во својот анус. Мислам, навистина, имаш многу поголеми проблеми од срамот“, изјави Марша која по дијагнозата помина тешки денови, неколку неделни хемотерапии и зрачења.
На нејзиниот сегашен сопруг, исто така, му беше дијагностициран рак на грлото во 2009 година, а актерката раскажа дека откако тие се избориле со болеста, сега повеќе го ценат животот.
Денес Марша има за цел да ги поттикне луѓето за се едуцираат за оваа болест.
„Се чувствувам нормално, иако станува збор за малку поинаква нормалност од онаа на која бев навикната. Никогаш повеќе нема своето тело да го земам здраво за готово и благодарна сум му за се што е способно“, изјави актерката.