Првите резултати од пописот ќе бидат објавени кон крајот на март, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
-Првите и конечни бројки ќе ги имаме кон крајот на март, кога очекуваме да заврши целокупната обработка. Има доста работа. Не е така едноставно како што замислуваат некои дека ако е во електронска форма, дека со една команда се се завршува. Не е така, ова е процес. Се уште се чистат податоците, се уште има проверки. И да имам сега некој податок, ќе биде погрешен. Ова е најбрзиот можен период на чекање за резултати од попис. За 6 месеци ниту една земја не објави резултати од попис, потенцира Симовски.