Државната комисија за спречување на корупцијата почна со вселување во новите простории – 2 430 метри квадратни на три ката во зградата на Службата за општи и заеднички работи, спротив МНР, со што се решава просторниот проблем на антикорупционерите и се овозможува ставање во функција на софтверот и опремата за поврзување на антикорупционерите со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси.
Со ова конечно се решава еден наследен проблем и после неколку различни обиди обезбедување соодветни простории за функционирање и работа, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, по направениот увид во новите простории заедно со директорот на Службата за општи и заеднички работи Пеце Мирчевски и претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
– Оваа влада покажува комплетна насоченост и почитување кон сите независни и регулаторни тела во државата, а пред се кон ДКСК и останатите независни институции. Изминатиот период лично се залижив за Комисијата да добие нови простории и се донесе одлкука на Влада за ДКСК да добие три ката во оваа зграда, што се најдобрите простории со кои моментално располага државата. Со одлука на Валда на ДКСК во рамки на буџетот се одвоија и 49 милиони денари за изработка на регистар за избрани и именувани лица, електронско доставување на изјавата за имотна состојба и интереси, нивно објавување. Систем на прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот региостар, кој што е неопходен за поврзување на ДКСК со останатите 17 институции од кои треба да се црпат информации, при откривање на случаи поврзани со корупција и судир на интереси. За овој регистар е објавен меѓународен тендер, по што ќе биде имплементиран, изјави Николовски.