Новоизбраниот претседател на Албанија, Бајрам Бегај, првите честитки за изборот ги доби од актуелниот претседател Илир Мета, како и од косовската претседателка Вјоса Османи.
– Честитки за претседателот избран од Собранието на Албанија, господин Бајрам Бегај, напиша Мета на Фејсбук.
Османи на социјалните мрежи напиша дека „заедно ќе соработуваме за односите меѓу Косово и Албанија, со цел двете земји да ги однесеме што поблиску до ЕУ”.
„Најсрдечни честитки за новоизбраниот претседател на Албанија, г. Бајрам Бегај. Ви посакувам успеси на новата и многу значајна функција“, напиша Османи.
Бегај (55) беше избран синоќа со 78 гласови „за”, четири против и еден воздржан.
Сега поранешниот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили, Бегај, беше предлог на владејачките социјалисти, на претседателската функција ќе го замени Илир Мета.
Петгодишниот мандат ќе го почне на 25 јули.
Тој е осми шеф на албанската држава по падот на комунизмот, по првиот Рамиз Алија, кого го наследи Сали Бериша, па Реџеп Мејдани, Алфред Моисиу, Бамир Топи, Бујар Нишани и Илир Мета.