Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.
На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантскиот сојуз, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија како единствена опција за развој на целиот регион.
Министерот Ѓека информира дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.
Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.
Текстот Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е превземен од МАКФАКС.