Пред точно 15 години, на 21 март 2006 година, основачот на „Твитер“ Џек Дорси ја објави првата порака или твит на социјалната мрежа.

Само што го поставувам мојот твттр“, гласеше првиот твит на Дорси, чија социјална мрежа сега има повеќе од 190 милиони корисници.

Дорси е особено популарен меѓу политичарите, експертите од различни области и новинарите.

„Твитер“ со седиште во Сан Франциско, за 15 години постоење, стана клучен играч на социјалните мрежи, но исто така и на контроверзии.

„Твитер“ ги изненади своите корисници во јануари со деактивирање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому оваа социјална мрежа му беше главното оружје за комуникација. Твитер профилот на Трамп го следеа 88 милиони луѓе, а истиот беше „згаснат“ поради немирите на неговите приврзаници во Капитол хил.

Исклучувањето на твитер-профилот на Трапм беше дочекано со поздрави, но и со осуди, и тоа е знак на сложена рамнотежа помеѓу неутралноста, одбраната на слободата на изразување и умереноста со кои се соочува „Твитер“.

epa-efe
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Дорси, на почетокот на март, ја понуди на продажба првата порака на „Твитер“ преку сајтот „Вејлблес“.

Купувањето на пораката значи стекнување „дигитален сертификат за твитот, уникатен по тоа што авторот го потпишал и верификувал“, беше наведено на сајтот.

Во понеделникот твитот го купи Сина Естави, извршниот директор на технолошката фирма „Бриџ Оракл“, со седиште во Малезија. Естави го купил твитот со помош на крипто-валутата Етер, која вредела 2,9 милиони долари за време на продажбата.