Хорхе Мартин стана првиот мотоциклист во историјата кој извозел круг на патеката „Сепанг“ под 1:58 минути. Така заслужено ги освои квалификациите за славната патека во Мото ГП.
Шпанецот успеа да достигне 1:57,790 минути, со што го подобри рекордот за цели 0,513 секунди, кој го постави Фабио Квартаро во квалификациите во 2019 година. Втор на стартниот пул утре ќе биде Енеа Бастијанини, а беше за 0,456 секунди побавен од Мартин.
Последен во првиот ред утре ќе биде Марк Маркез. /Makfax/