Претседателот на СОНК, Јаким Неделков бара преиспитување на одликата за старт на второто полугодие.
Тој вели дека во време на висок процент на заразени, зима и минусни температури не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за налинот на одржување на наставата во второто полугодие.
„Отворените прозорци во училницата нема да го спречат ширењето на вирусот. Влада, МОН, преиспитајте ја одлуката додека не е доцна!“, додава Неделков.
Инаку, Владата вчера донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.