Првата пациентка која во италијанскиот град Болоња заболи од коронавирус, Бјанка Доброју (24) сега е заразена со делта сојот, пренесува „Ил Фато котидијано“.
Бјанка која е со потекло од Романија, е модел која минатата година поминала 80 дена во болница, борејќи се со Ковид-19.
Бев наивна дека откако ја прележав инфекцијата не мора да се вакцинирам. Направив тест, имав се уште антитела и верував дека сум заштитена. Сега имам исти симптоми како и пред година дена. Висока температура, главоболка, кашалање, болки по целото тело. Се надевам дека нема да морам повторно да бидам три месеци во болница, вели Бјанка.
Таа вели дека е жив пример дека со Ковид-19 можеш да се заразиш два пати и дека не треба да се ризикува, туку да се вакцинира.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.