За да им се заблагодари што ги чуваат нив, но и зградата на Конгресот, новата прва дама на САД, Џил Бајден ги зготвила своите омилени колачи кои потоа со кошничка им ги однесе. Станува збор за бисквити од зобени снегулки и чоколадо, кои воедно се нејзин фаворит и често ги приготвува за себе и претседателот.

Дел од Националната гарда, кој се наоѓа пред американската зграда на Конгресот во Вашингтон пријатно се изнеадил кога кај нив дошла првата дама на Америка, Џил Бајден. Со заштитна маска преку лицето, облечена во црн капут, под кој се надѕираше долго здолниште, Џил во рацете цврсто држеше корпа во која имаше бисквити со чоколадо, популарни „chocolate chip cookies“ кои се нејзини омилени.

Токму нив ги зготви за Националната гарда, за да им заблагодари за сè.
На снимката објавена на социјалната мрежа Твитер која ја објави NBC News, Џил вели:
„Дојдов овде денес за да ви се заблагодарам што ме чувате мене и моето семејство. Белата куќа ви испече малку колачи со чоколадо“.