Првата дама на Хаити која го преживеа нападот во кој е убиен нејзиниот сопруг, претседателот Јовенел Моиз е во критична состојба и во моментот властите се обидуваат да ја пренесат во Мајами на лечење.
Оваа информација ја соопшти амбасадорот на Хаити во САД, Бочит Едмонд.
-Таа стабилна, но во критична состојба. Во тек се напори за да се пренесе во Мајами, изјави Едмонд.
Претседателот на државата е убиен откако неидентификувани напаѓачи во текот на ноќта упаднаа во неговата приватна резиденција. Неговата сопруга, 53-годишната Матина Моиз е ранета во нападот.