Шведската полиција врши истрага за нападот со нож кој попладнево се случи во градот Вентланд, во јужниот дел од земјата, при што биле избодени најмалку осум лица.

Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор.

Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а некои се потешко повредени.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментно ситуацијата е под контрола.  (МИА)