Поради пријателските натпревари на македонската фудбалска репрезентација против Финска и Азербејџан, денеска се одиграа четири од петте планирани натпревари во рамките на 15-то коло во првата лига.
Струга Трим Лум забележа минимална победа од 1-0 против Шкендија, со што ја прекина серијата од пет натпревари без победа.
Шкупи на стадионот во Кичево го победи Скопје со 3-1, додека Академија Пандев и Тиквеш беа подобри од Силекс, односно Работнички.
Македонија Ѓорче Петров утре ќе ја предизвика Брегалница, додека Победа викендов е слободна.
Прва лига – 15 коло
Струга Трим Лум 1-0 Шкендија
Фк Шкупи 3–1 Скопје
Тиквеш 3–0 Работнички
Академија Пандев 3-0 Силекс
Македонија Ѓ.П.- Брегалница
Победа – слободна