Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, во организација на Министерството за правда, одржаа состанок во Клубот на пратеници.
Министерот за правда Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил напиша дека првиот состанокот поминал во конструктивна атмосфера.
-Се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можни измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, односно нивните предлозите и размислувања за измените, истакна Маричиќ.
Министерот за правда на Фејсбук информира дека е договорено овие разговори да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканите и парламентарните партиите на помалите етнички заедници.