Девојка од Македонија на возраст од 28 години со тромботични промени по примена вакцина е прв регистриран случај кај нас којшто се поврзува со вакцината на АстраЗенека, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, девојката вакцината ја примила во Србија, а симптомите се појавиле 6-7 дена по вакцинирањето.
-Кај нас досега има регистрирано еден случај на девојка којашто има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со таков тромботичен ефект којшто се поврзува со примена една доза на вакцината АстраЗенека, рече министерот Филипче.